Мандатот на Бучковски ќе трае една година

пред 3 години

Експремиерот Владо Бучковски ќе биде специјален претставник на нашата земја за Бугарија во времетраење од една година, образложија од Владата.

Оттука велат дека целта за неговото именување е да се назначи специјален претставник, со цел да се заокружи со успех процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија и да се создаде атмосфера за реализација на прашањата од интерес на двете земји опфатени со Договорот за пријателство и добрососедство.

Бучковски беше некогашен лидер на СДСМ, премиер и министер за одбрана. Тој по професија е правник и професор по римско право.

Share
Scroll to Top