Маричиќ во Париз на конференција за последиците од војната во Украина на евроинтеграцискиот процес

пред 2 години

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ од денеска е во дводневна работна посета на Париз, Франција, во чии рамки ќе оствари средба со Клемент Бон, Државниот секретар за европски прашања на Република Франција, со политичкиот советник за Балканот на претседателот Макрон, Изабел Думонт, а во францускиот Сенат ќе се сретне и со претседателот на Комитетот за Меѓународни прашања и одбрана, Кристиан Камбон.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Дополнително, вицепремиерот Маричиќ ќе земе учество на конференцијата Балкански дијалози, на тема: „Последиците од војната во Украина на евроинтеграцискиот процес“, на која ќе учествуваат високи државни претставници од регионот и од Европа. На маргините на конференијата вицепремиерот Маричиќ е планирано да се сретне и со својата црногорска колешка, Јована Маровиќ.

Оваа посета вицепремиерот Маричиќ ја реализира во исклучителен важен период и за Унијата и за регионот, а во фокусот на разговорите ќе бидат француската поддршка и можноста за напредок во нашите евроинтеграции, за состојбата во преговорите со Бугарија, за новите предизвици од воената агресија врз Украина и за клучните приоритети на Владата во реализирањето на европските реформи.

Share
Scroll to Top