Маричиќ- Лахдевирта: Проширувањето е просперитетна политика не само за земјите кандидати за членство, туку и за Европската Унија

пред 2 години

Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денес имаше прва протоколарна средба со финскиот амбасадор за Северна Македонија со седиште во Белград, Кимо Лахдевирта.

На средбата беше потврдена финската поддршка за напредок во европската интеграција и очекување дека спроведените реформи и пријателската соработка со соседите во затворање на прашањата ќе бидат потврдени и од страна на ЕУ до отпочнување на преговорите за членство.

Маричиќ се заблагодари на Финска за нејзината доследна поддршка за политиката за проширување на ЕУ, како просперитетна политика не само за земјите кандидати за членство, туку и за Европската Унија, која несомнено ќе ја загарантира стабилноста на целиот регион на Западен Балкан.

Вицепремиерот Маричиќ и амбасадорот Лахдевирта посочија дека билатералната соработка меѓу двете земји е на високо ниво, иако има можности и за проширување и тоа во области кои се значајни пред сè за подобрување на квалитетот на животот за граѓаните и се во насока на европеизација на земјата. Искуството на Финска во клучните области, меѓу кои економскиот развој и образованието, но и други области значајни понатаму во текот на преговорите со ЕУ има можност да се споделат и на експертско ниво.

Share
Scroll to Top