Маричиќ: Полошкиот регион лидер во реализација на проекти за заштита на животната средина

пред 2 години

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ по повод одбележување на Светскиот ден на животната средина на својот Фејсбук профил посочи дека во следниот период една од приоритетните цели за насочувањето на европскита поддршка, од Програмата ИПА, ќе биде во секторот заштита на животната средина и климатка акција.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

-Зачувувањето на животната средина останува горлив проблем поради растечките еколошки катастрофи со кои се соочува човештвото. Неопходно е да се воспостави хармоничен однос кој ќе ги балансира социјалните, економските и еколошките фактори, со цел да се зачува природното богатство на нашата планета за идните генерации. Од 2007 година вкупно 92 проекти се реализирани во оваа област со вкупна вредност од над 122 милиони евра. Лидер во реализацијата на проекти и активности за заштита на животната средина е Полошкиот регион со 23 проекти и вредност од 5.243.509,41 милиони евра, стои во Фејсбук статусот на вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ вели дека Владата ги започна подготовките за изработка на Националната стратегија за развој 2022-2042 година, која ќе ни помогне да ги поставиме предизвиците на Агендата 2030 и да обезбедиме поголем фокус на нивната имплементација и политиките што ЕУ ги спроведува, вклучително Зелениот договор и Дигиталната агенда.

Маричиќ подочува дека секој од нас има улога и одговорност за заштита на животната стедина и одржување во подобра состојба, за нашите деца и следните генерација, од онаа што наследивме, порачувајќи секој ден да биде ден на животната средина, бидејќи тоа ѝ го должиме на планетата Земја.

Share
Scroll to Top