Царовска: Наставниците мора да имаат стабилна работа, а не да се користат како гласачка машинерија

пред 3 години

Министерката за образование Мила Царовска денеска на седницата за пратенички прашања рече дека во Министерството во моментов се разговара за системот на вработување на наставниците.

„Да не заборавиме, наставниците беа држени постојано на кратко ланче од претходната власт, на 10 часа, 3 часа, 5 часа, во 10 школи по еден час, сé со цел да бидат присилени на следните избори да гласаат. Ние тоа го менуваме. Наставниците мора да имаат стабилна работа, наставниците треба да се чувствуваат сигурно, наставниците треба да имаат кариерен развој“, рече Царовска.

Министерката посочи дека за првпат после 12 години дискусија за кариерен развој на наставниците во основно образование, вчера владата донела одлука за распределба на наставници -ментори и утврдила буџетски средства.

„12 години ги лажеа, дискутираа, ставаа во Колективен договор и никогаш не издвоија финансиски средства за да ние можеме да имаме кариерен развој на наставниците. Тоа ние ќе го направиме наредната година. Во јануари се распишува огласот и секоја општина ќе добие наставник ментор. Затоа што наставниците се срцето на образованието и ќе инвестираме како во учениците така и во наставниците“, рече Царовска.

Претходно, во обраќањето, министерката истакна дека со новата концепција за основно образование се одговара и на уште едно барање на наставниците, да имаат поголема автономија во наставата, нешто што, како што кажа, не е пракса сега.

Share
Scroll to Top