Маричиќ: Ќе воспоставиме ред во затворите и ќе ги подобриме условите

пред 4 години

Министерот за правда Бојан Маричиќ се сретна со висока делегација предводена од претседателот на Европскиот комитет за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување, Микола Гнатовски. На средбата се разговараше за состојбата со затворите и воспитно-поправните домови во земјава.

Министерот Маричиќ на претседателот на Европскиот комитет за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување, му кажа дека и покрај тоа што на функцијата министер е само три месеци, има точен увид за што се случува во затворите, но и за условите во кои престојуваат некои од осудените лица и дека од неговото назначување за министер, ставањето ред во овие установи и подобрувањето на условите за престој на осудените и притворени лица е врвен приоритет.

На високиот гостин му беа презентирани работите кои беа направени или започнати изминатиот период пред сè завршувањето на новиот Воспитно-поправен дом во Волковија, тетовско, каде малолетниците се сместени во објекти направени по највисоките европски стандарди.

Дополнително Маричиќ на Гнатовски му го презентираше амбициозниот план за реконструкција на неколку затвори во Северна Македонија, вклучувајќи го Идризово и Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари. Токму за овие два најчесто пристигнуваат забелешките за условите во нив, но и за непочитување на правилата, а токму затоа наредниот период паралелно со подобрувањето на условите ќе се работи и за ставање ред во сите затвори низ државата.

Share
Scroll to Top