МВР: Внимателно на социјалните мрежи, на „Тик ток“ се шират повици опасни за малолетниците

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од страна на Интерпол е добиена информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица.

МВР апелира до граѓаните, особено родителите, да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи.

„Спорeд досегашните сознанија, вакви повици нема од профили на наша територија, ниту од околните држави, но апелираме на будност и надзор со цел да се избегнат било какви несакани случувања“, се наведува во соопштението.

И српското Министерството за внатрешни работи упати сличен апел до граѓаните, а тамошните медиуми пренесоа дека станува збор за содржини на „Тик ток“ кои најавуваат масовно самоубиство на деца.

Share
Scroll to Top