СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ наутро глуми загриженост, а попладне организира собири каде се кршат мерките

пред 4 години

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против нови работни места, глумат загриженост за коронавирусот, а организираат собири кои се опасност по јавното здравје, велат од СДСМ како реакција на обвинувањата од опозициската партија дека власта не умее да спроведе мерки за борба против вирусот.

„ВМРО-ДПМНЕ наутро глуми загриженост за состојбата со коронавирусот, а попладне организира собири на кои масовно се кршат мерките и задолженијата за заштита од Ковид-19. Таканаречените протести на ВМРО-ДПМНЕ кои служат само за спас на фотелјата на Мицкоски се опасност по јавното здравје“, велат од владејачката партија од каде порачуваат дека Мицкоски нема што да понуди и затоа уште долго ќе остане во опозиција.

Share
Scroll to Top