МВР: За шест часа казнети 102 пијани возачи

пред 3 години

Во периодот од 23 часот вчера од 5 часот утрово, сообраќајната полиција спровела контроли за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Како што информираат од МВР, во овој временски период биле казнети 102 пијани возачи, кои биле исклучени од сообраќај.

Од ресорното министерство порачуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Share
Scroll to Top