МВР со детали: Девојката од Радовиш ја прегазил 22-годшник од Скопје

пред 2 години

Девојката која вечерва беше прегазена пред Сити Мол во Скопје, била од Радовиш, а ја прегазил 22-годишниот Ј.Ѓ. од Скопје.

Според информациите од МВР, несреќата се случила во 19.44 часот. Во несреќата повредено е и 24-годишно момче исто од Радовиш, кое било заедно со девојката.

Според пријавеното, несреќата се случила на ул.Московска со бул.Партизански Одреди во која ПМВ Цитроен управувано од Ј.Ѓ.(1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н.1997 од Радовиш, која починала на лице место.

Полицијата врши увид.

Share
Scroll to Top