МЗШВ: Исплатени се 335.963.096 денари кон 1.211 сточари

МЗШВ: Исплатени се 335.963.096 денари кон 1.211 сточари

пред 11 часа

Денеска е извршена исплата на средства во вкупен износ од 335.963.096 денари кон 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Во однос на корисниците на кои не им се исплатени средства по основ на субвенции за 2023 година, информираме дека е потребно истите да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се изврши детална проверка и разгледување на секој поединечен случај. Грижата за земјоделците продолжува“, велат од таму.

Текстот МЗШВ: Исплатени се 335.963.096 денари кон 1.211 сточари е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top