Милошоски: Брзо ќе дојде денот кога Фрчкоски на законски начин ќе биде вратен во земјата

пред 3 години

Претседателот Пендаровски не ја говори вистината кога кажа дека сите законски услови се исполнети за испраќање на Фрчкоски за амбасадор во Обединетите нации, обвини денеска, претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

„Законскиот услов од член 39 од Законот за надворешни работи за претставување пред собраниската комисија, не е исполнет и со тоа Собранието, а преку Собранието и јавноста, немале можност да извршат контрола врз извршната власт, како што е и Претседателот и самите амбасадори“, посочи тој.

Меѓутоа, според Милошоски, брзо ќе дојде денот кога Фрчкоски на законски начин ќе биде вратен во земјата.

„Досега е невиден преседан и прв пат во македонската дипломатска историја за амбасадор во Обединетите нации да се испраќа личност која што била одбиена од официјален Вашингтон како непожелен дипломат да биде амбасадор во Америка. Затоа сметаме дека ваквиот амбасадор во Обединетите нации е нарушување на угледот на македонската дипломатија“, закалучи тој.

Share
Scroll to Top