Милошоски: Османи в среда да го претстави Акцискиот план за кој се преговара во Софија

пред 3 години

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за надворешна политика, Антонијо Милошоски, соопшти дека за среда во 15 часот ќе закаже седница на Комисијата, со цел, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, да ги претстави предлог Акцискиот план и предлог-патоказот кој Заев и Бучковски го преговараат со Софија.

Тој најави и дека протестите на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат во понеделник и вторник пред МНР од 17 до 19 часот.

„На 11 јуни, после неколкудневни протести на опозицијата, министерот за надворешни работи Османи изјави дека е спремен да реферира пред пратениците за контраверзните преговори што двоецот Заев-Бучковски ги води со Бугарија.Да потсетам, пред цели 6 месеци, на 16ти јануари истата оваа влада усвои заклучок дека пред пратениците ќе бидат презентирани информации за предлог Акцискиот план кој го преговараат со Бугарија, но досега наместо отчетност имавме молк, нетранспарентност и чести понижувања на Македонија. Заклучокот е дека во нормални демократии за најбитните национални теми владите сами иницираат дебата со парламентот, додека во хибридните режими како во Македонија, потребни се протести за да натераш владин министер да даде отчет пред пратениците“, истакна Милошоски.

Share
Scroll to Top