Во рамките на самитот на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, што се одржува вчера и денеска во Охрид, вчеравечер дел од високите гости од регионот имаа можност да се запознаат со културните знаменитости во старото јадро на Охрид.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Ноќната прошетка на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерките за култура на Албанија, Елва Маргарити, и на Србија, Маја Гојковиќ, како и на министрите во Владата Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Крешник Бектеши, и на директори на сродни институции од иницијативата, започна од Античкиот театар, преку Галеријата на икони и Куќата на Робевци.
Гостите беа запознаени и со една од најпрепознатливите техники за изработка на охридскиот бисер преку традицијата што ја негува охридското семејство Филеви.
Во фокусот на самитот на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ се културата и туризмот, а учествуваат министри за економија, за туризам и животна средина, за трговија, туризам и телекомуникации, како и министрите за култура на земјите од иницијативата.