Министерот Османи ги прими акредитивните писма на новата амбасадорка на Република Србија

пред 3 години

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ја прими новоименуванта вонредна и ополномоштена амбасадорка на Република Србија, Невена Јовановиќ, по повод предавањето на копиите од акредитивните писма.

Министерот Османи на амбасадорката Јовановиќ ѝ изрази уверување дека за време на нејзиниот мандат ќе бидат вложени напори односите да бидат збогатени со нови содржини од заемен интерес.

Покрај редовниот политички дијалог и меѓусебни консултации, во функција на надградба и продлабочување на добрососедските односи, се очекува приоритет да биде ставен на економската соработка и конкретните билатерални и регионални проекти, како инфраструктурното поврзување и отворањето на нови гранични премини, со цел олеснување на севкупната размена и комуникација меѓу двете пријателски земји, информираат од кабинетот на Османи.

Министерот Османи ја повторил благодарноста за помошта од Србија за време на хуманитарната криза предизвикана од пандемијата од Ковид-19 и справувањето со последиците од истата.

Share
Scroll to Top