Мисајловски: Остануваме активни во Собрание за да ja разобличиме власта

пред 3 години

Во минатото секој штетен закон што беше во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ го блокираше. Така и ќе продолжиме. Овој пат, многу закони кои што ќе дојдат на дневен ред, точно, ќе бидат блокирани, но она што е добро ќе оставиме да помине. Имаме девастирано здравство, имаме многу лоша економија, немаме ниту една капитална инвестиција ниту пак странска инвестиција од оваа Влада, имаме штрајкови во образованието, имаме штрајкови кај сите работници, незадоволство од платите, имаме ценовни трошоци и така натаму. Да не зборувам за енергетските кризи, да не зборувам и за пандемијата и за се она што се случува, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, Владо Мисајловски од теренската активност за пуштање во употреба на училишна спортска сала во општина Гази Баба, одговарајќи на новинарски прашања.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ понудила рака до власта за помош за излез од кризите кои што ја зафатија Македонија како и за преговорите кои што ги водат со соседна Бугарија со која се договараат далеку од очите на јавноста зад затскриени врати.

„Ние прво што направивме е понудивме рака, понудивме рака да седнеме да помогнеме, ние размислуваме со понуда да помогнеме. Јас навистина мислев дека кога СДСМ велеше дека ја сфатиле пораката од граѓаните дека конечно ќе бидат поинакви, не се поинакви. Со доаѓањето на Ковачевски како премиер мислев дека повеќе рациото ќе преовладува и дека треба да седнат со опозицијата да разговараат за суштествени теми, за најважните теми, како што се овие економски кризи и енергетски кризи, да не зборувам за оние работи што се од стратешки интерес, како што е договорот со Бугарија што го тераат под маса, затскриено и никој од јавноста не може да го види. И сега наеднаш се нервираат и се многу нервозни зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се активни. Тоа ни е работа и ќе бидеме активни и сакаме секој еден во државата да разбере што се случува“, рече Мисајловски.

Додава дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ остануваат активни во Собрание со цел да ги спречат сите штетни закони кои што мнозинството сака да ги протне и јавноста да дознае дека тие не поднесуваат економски закони за добробит на граѓаните, туку поднесуваат закони за да си ги полнат сопствените џебови, како што беше законот за формирање посебна лотарија.

Share
Scroll to Top