Мицкоски: Апелирам до европските лидери да помогнат Македонија што поскоро да ги почне преговорите

пред 2 години

Ова се тешки времиња за нашиот континент, како и за нашиот глобален систем на демократски вредности. Сепак, тешките времиња обично го покажуваат најдоброто кај луѓето, и се надевам дека носителите на политички одлуки ќе разберат дека тешките избори сега, ќе го постават нашиот пат на вистинската траекторија, истакна денеска Христијан Мицкоски на Конгресот на ЕПП.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

“Ова го зборувам особено во контекст на она со што се соочуваме во Украина и како тоа влијае на Западниот Балкан. Македонците во моментов се соочуваат не со физичка агресија, туку со политичка агресија. Во овој момент има обиди на земја членка на Европската унија да го негира правото на македонски јазик, и да се меша во македонскиот идентитет. Овој тип на однесување е сè освен европски. За жал, нашиот процес на интеграција во ЕУ е со фокус на минатото, наместо на иднината. Ова не е Европа во која нас вирусам”, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека остојано се посветени на европскиот пат. Многупати во минатото нашата влада не даваше резултати за клучните прашања, особено ако се има предвид владеењето на правото и борбата против корупцијата. Сепак, пред се, нашите граѓани заслужуваат отворање на пристапните преговори. Јас лично ве уверувам дека штом ќе почнат преговорите, новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе стави посебен фокус на изградбата на одржливи демократски институции кои одговараат на највисоките европски стандарди.

“Денеска, стоејќи пред вас, апелирам до присутните лидери да го искористат своето влијание за да помогнат да се даде стабилност и кредибилитет на европската перспектива на Западниот Балкан. Тоа не може да се постигне без Македонија да ги отвори пристапните преговори што е можно поскоро”, изјави Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека само преку вакви одлуки сега, можеме да ја донесеме иднина каква што очекуваат и заслужуваат македонските граѓани.

Share
Scroll to Top