Мицкоски вторпат не дојде да сведочи за „27 април“

пред 4 години

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не дојде да сведочи ниту на денешното рочиште за организаторите на „27 април“. Тој по вторпат го одлага своето сведочење поради, како што кажа судот, приватни причини.

Мицкоски ќе биде повикан да сведочи на следното рочиште.

На денешното судење како предлог на обвинетите, ќе сведочи ексградоначалникот на Скопје и функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски и претседателот на градскиот комитет на партијата, Владимир Неловски.

Од страна на вешто лице Мирослав Котевски ќе биде презентиран и вешт наод за телефонските комуникации на обвинетите Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и осудениот Алекдандар Василевски-Нинџа.

Share
Scroll to Top