Пронајдени 15 килограми дрога, тројца приведени во Кумановско

пред 3 години

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опадни материи, во координација со Одделот за специјални операции, по преземени заеднички координирани мерки и активности, денеска ги приведе лиши А.С.(28) од кумановското село Романовце, Д.Ц.(30) и Д.И.(29) од Куманово, поради недозволена трговија со дрога.

По издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Куманово за претрес во дом и други простории, денеска е извршен претрес во домот на А.С. во с.Романовце, при што во помошна просторија се пронајдени две торби со три големи полиетиленски пакувања, во кои има околу 15 килограми наркотична дрога марихуана. На лице место биле затекнати Д.Ц. и Д.И. кои, исто така, се лишени од слобода и по издадена судска наредба, извршени се претреси и во нивните домови.

Од страна на СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово во текот на утрешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава против две лица, поради постеоње основи на сомнение дека го сториле кривичното дело предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Share
Scroll to Top