Мицкоски: Заев нè доведе во ќорсокак и сега ни вели – асимилација за евроинтеграција

пред 3 години

Апелираме до власта, до Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ да се вразумат и да почнат да дејствуваат конструктивно, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање што и преостанува на партијата во ситуација кога е одбиена лидерска средба и иницијативата за дебата во Собранието, а во однос на македонските евроинтеграции.

„Јас повикувам на нов почеток. Доколку власта тоа не го направи во деновите кои следат ќе ги повикам сите опозицискси партии и нивните лидери на една лидерска средба во рамките на Клубот на пратеници каде ќе разговараме за иднинатата на Македонија, ќе разговараме за сите овие напластени проблеми кои денес се наше секојдневие, а кои се резултат на погрешните политики на СДСМ и Зоран Заев“, нагласи Мицкоски.

Тој посочи дека денешната состојба во надворешната политика произлегува, како што рече, од изборниот поткуп односно од 10 илјади гласа повеќе во споредба со ВМРО-ДПМНЕ.

„Тој поткуп денес не доведе до бездна да бираме асимилација за евроинтеграција. Ние не можеме со тоа да се сложиме, потребно е ресетирање на општеството, потребно е нови политичари, политичари без концесии кои ќе можат да се изборат за достоинствен влез на македонските граѓани без разлика на нивниот етнички состав во ЕУ. Ние тоа го заслужуваме“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Share
Scroll to Top