Мицкоски: Имам информации дека овие денови Заев ја продава Македонија во Софија

пред 4 години

На денешниот протест за оставка на Зоран Заев и слобода на народот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика граѓаните на масовни протести, бидејќи има информација дека деновиве Заев ја продава Македонија.

„Излезете браќа и сестри и помогнете и на Македонија. Имам информација дека овој викенд се распарчува Македонија во Софија и се преговара за иднината на нашиот идентитет, да не дозволиме и од утре внимателно да ја блокираме Македонија секој нареден ден и да не дозволиме овие луѓе да ни ја продадат верата, нацијата и кожата, тие одамна си го продале својот ген на ѓаволот“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Зоран Заев подготвува национален пораз, но од секој од нас зависи дали тоа ќе го промениме.
„Јас како човек и поединец можам да направам многу работи, но сите заедно, сплотени еден до друг можеме да направиме се. И за оваа битка драги пријатели потребен е народ. Младо и старо, машко и женско треба да се одважи и да се спротивстави“, порача Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ако сега во овие часови, денови не излеземе и не се спротивставиме ќе биде предоцна.

„Ако сега не излеземе и дадеме отпор подоцна ќе немаме право да велиме зошто не ги променивме работите. Сега можеме а за тоа е потребен секој еден од вас. Сега за да не биде предоцна. Сите кои имаме разлики и забелешки едни кон други мораме да ги заборавиме, за да спречиме ново бришење и ново виткање на кичма“, рече Мицкоски.

Share
Scroll to Top