Претпладне магла, преку денот променливо облачно време

пред 3 години

Претпладне по котлините ќе има магла или значителна ниска облачност, а преку денот ќе биде променливо облачно со облачност поголема на север, информира УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.

Во Скопје претпладне магливо, а преку денот променливо облачно. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

Share
Scroll to Top