Мицкоски не знаел за инцидентот со Аца Лукас, но најави строга контрола на естрадата: Јасни се законите и правилата, секој мора да ги почитува

Мицкоски не знаел за инцидентот со Аца Лукас, но најави строга контрола на естрадата: Јасни се законите и правилата, секој мора да ги почитува

пред 2 часа

Премиерот Христијан Мицкоски од кого викендов на социјалните мрежи се бара извинување по приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас во Кавадарци по утврдени низа неправилности околу настапот, вели дека во моментот на случувањата тој воопшто не знаел дека такво нешто се случува. Вели дека законите се јасни и најави дека многу строго и внимателно ќе го следи однесувањето на ваквиот тип естрадни уметници и нивните менаџери.

„Јас и не знаев дека тоа се случило, да бидам искрен. Ми се јавија луѓето од Кабинетот да ме информираат, пред неколку дена мислам тоа беше. Претпоставувам дека некој таму сака да создаде естрада која таму е присутна, да ја пренесе овде. Мислам дека не треба многу внимание да му се посветува на ова. Јасни се законите, јасни се правилата, секој мора да ги почитува и многу строго и внимателно ќе ги следиме однесувањата на ваков тип на естрадни уметници и нивни менаџери“, кажа премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на отворањето на  Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините,

Српскиот пејач Аца Лукас беше приведен во петокот вечерта во заедничка акција на неколку институции кои открија низа неправилности и пропусти околу организацијата и реализацијата на настанот. МВР соопшти дека Лукас настапувал без потреба дозвола за работа, се работело без издавање фискални сметки, не се почитувал законот за забрана на пушење, а констатирано беше и дека во локалот има многу повеќе гости отколку што е дозволено.

Менаџетот на Лукас и многумина негови истомисленици обвинија дека државниот врв е вмешан во приведувањето и побара премиерот и актуелната Влада да се извинат.

Текстот Мицкоски не знаел за инцидентот со Аца Лукас, но најави строга контрола на естрадата: Јасни се законите и правилата, секој мора да ги почитува е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top