Мицкоски објави дека ги добил на суд СДСМ откако ги тужел зашто го нарекле „продолжена рака на Груевски“

пред 2 години

И со вака исклучително заробено судство, со исклучително ниска доверба, вистината не може да се заобиколи, а лагите да бидат премолчени, порача денеска на социјалните мрежи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во прилог на објавата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ прикачи и фотографии од судска пресуда според која се усвојува неговото тужбено барање портив СДСМ која на „Фејсбук“ изјавила дека „антизападниот пион Христијан Мицкоски е продолжена рака на криминалецот Никола Груевски“.

„Канонадата на клевети, лаги и измислици од СДСМ и останатите нивни јавни, полутајни и тајни партнери, доаѓа време да се разобличи. Инстант клеветите и невистинитите афери нема да им донесат кариера на инстант залутаните во политика. Ова значи дека сме на вистинскиот пат, се до конечна победа! Колку тие пониско удираат толку ние повисоко се креваме!“, порача Мицкоски на „Фејсбук“.

Share
Scroll to Top