Мицкоски се сретна со потпретседателот на парламентарното Собрание на ОБСЕ, Азај Гулијев

пред 2 години

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, Игор Јанушев, Дафина Стојаноска и Ели Панова во просториите на Собранието имаше официјална средба со Азај Гулијев, потпретседател на парламентарното Собрание на ОБСЕ и специјален претставник за Југоисточна Европа.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

На средбата соговорниците разговараа за актуелната политичка состојба во Македонија како и за барањата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори, кои се повеќе од неопходни за излез од оваа криза.

Истовремено, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски побара и поддршка во преговорите со Бугарија, каде што државата е заглавена, поради лошите преговарачи од македонската владејачка гарнитура.

Share
Scroll to Top