Млади штркови паднале од гнездата во невреме, ги згрижија вработени во Општина Чешиново-Облешево

Млади штркови паднале од гнездата во невреме, ги згрижија вработени во Општина Чешиново-Облешево

пред 4 часа

Силното невреме во Штипско и Кочанско изминатава недела остави голема штета зад себе, но донесе и една убава приказна за грижа и хуманост.

Неколку млади штркови, кои невремето ги соборило од гнездата, наидоа на помош од вработени во Општина Чешиново-Облешево. Тие ги згрижија птиците и секојдневно им обезбедуваат соодветна нега, храна и вода, додека целосно не закрепнат.

Од Општината информираат дека два од штрковите веќе се подготвени повторно да полетаат, додека за останатите ќе продолжи грижата сѐ додека не бидат способни да се вратат во природата и да му се приклучат на јатото.

 

Текстот Млади штркови паднале од гнездата во невреме, ги згрижија вработени во Општина Чешиново-Облешево е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top