Муштерија нападна касиери во скопски маркет оти не сакал да стави маска

пред 2 години

Муштерија нападна касиери во скопски маркет откако одбил да стави заштитна маска за запазување на ковид-протоколите.

Од МВР информираат дека настанот се случил во Центар, а нападнати биле двајца вработени во маркетот.

„На 15.03.2022 во 22.00 часот В.П.(22) од Скопје пријавил дека околу 16.50 часот додека ги извршувал своите работни активости како касиер во маркет на подрачјето на Центар влегол маж на возраст од околу 30 години без заштитна маска да пазари и од страна на неговата колешка му било укажано да стави заштитна маска поради запазување на здравствените протоколи. Тогаш лицето станало агресивно и физички ги нападнало“, велат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

Share
Scroll to Top