Намален бројот на заразени и хоспитализирани во Битола

пред 3 години

Кризниот штаб на општина Битола одржа средба по електронски пат, на која се разговараше за состојбата со Ковид-19 во општината.

Директорката на Здравствениот дом, Весна Спирковска, информираше дека од повозрасната генерација веќе се вакцинирани над 1.250 лица со вакцината Астра Зенека.

Во Клиничка болница Битола, денес за прв пат по еден месец има повеќе испишани од примени пациенти, рече директорката Билјана Гагачовска, иако притисокот врз здравствените работини сеуште е голем.

Посочено беше и дека  во Центарот за јавно здравје има намалување на пријавените за ПЦР и брзи тестови. Директорката посочи дека во однос на протоколите за изолација, дадени се нови насоки согласно препораките од Институтот за јавно здравје и истите можат да се најдат на следниот линк.

Битолската полиција редовно врши контроли за време на полицискиот час од 20 часот навечер до 5 часот наутро, со зголемен број на екипи, а постапува и по контролите од Државниот пазарен инспекторат. Редовно се контролираат сите лица кои се ставени во изолација, беше заклучено на средбата.

Share
Scroll to Top