Владата ја одржа 58-та редовна седница на која покрај премиерот Димитар Ковачевски и членовите на Владата присуствуваше и се обрати и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Високиот претставник на Европската Унија денеска е во еднодневна посета на нашата земја, во чии рамки одржа средба и прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.
На седницата, уште еднаш беше потенцирана поддршката и заложбата на Европската Унија за почеток на преговорите со Северна Македонија и беше истакнато дека во овој период се клучните моменти за одлука за напредокот на нашата држава од економски, политички и социолошки аспект.
Пред министрите, беше потенцирано дека европскиот предлог за отпочнување на преговорите за Северна Македонија ги вклучува сите македонски позиции и забелешки и дека преговорите може да почнат веднаш по одобрување на истиот.