На граница уапсен Косовец баран од Интерпол

пред 3 години

На граничниот премин „Долно Блаце“ во попладневните часови на 11 ноември при пасошка контрола од полициски службеници бил уапсен 31-годишен косовски државјанин со иницијали Р.М.

Како што информираат од МВР, евиденцијата покажала дека тој се бара со мерка „апси“ од страна на Интерпол од Германија.

Косовецот е приведен за понатамошна постапка.

Share
Scroll to Top