На граничниот премин Богородица, за излез од државата се чека околу 30 минути

пред 2 години

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ. На граничниот премин Богородица, за излез од државата се чека околу 20-30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.

На патниот правец 2251 Пробиштип-Лесново од 31.05.2022 ќе бидат изведувани градежни работи (асфалтирање) така што истиот ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај во периодот од 11-17 часот секој ден се до завршување на работните активности.

Share
Scroll to Top