Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.