НВО Инфоцентар и Активо: Бесконтактни томпломери за градинките во Велес

пред 4 години

Граѓанските организации НВО Инфоцентар од Скопје и Активо од Велес, донираа бесконтактни топломери наменети за потребите на градинките во рамки на општинската јавна установа за деца од претшколска возраст – Детска градинка „Димче Мирчев“ во Велес.

Препознавајќи ги потребите на локалната заедница за заштита од пандемијата Ковид-19, од НВО Инфоцентарот и Активо велат дека преку оваа граѓанска иницијатива им помагаат на градинките во општина Велес, успешно и во континуитет да ги спроведуваат протоколите за заштита и превенција од коронавирусот.

„Граѓаните и локалните заедници се соочени со големи предизвици во превенцијата, заштитата и лекувањето од коронавирусот. Нашата акција е само мал придонес кон заедничката борба против Ковид-19 и заедничките напори да им овозможиме на децата безбеден, безгрижен и разигран престој во градинките дури и во услови на пандемија“, наведуваат граѓанските организации.

Оваа акција е дел од проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“ поддржан од Меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.

Share
Scroll to Top