Неготинец со автомобилот удрил во пешак, па двајцата се степале

пред 2 години

Сообраќајна несреќа преминала во физичко насилство вчера на улицата Маршал Тито во Неготино.

Имено, како што информираат од МВР, патничко возило „мерцедес“, со неготински регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(38) од Неготино, удрило во пешакот В.А.(44) од истиот град. Веднаш потоа настанала и физичка пресметка помеѓу нив.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top