Нема најава за нови рестрикции по вториот случај на индиски вид во Македонија

пред 3 години

Во текот на вчерашниот ден во Македонија беше детектиран и вториот случај на индискиот вид на коронавирусот, но засега нема да се воведуваат нови рестрикции.

Министерот за здравство, Венко Филипче рече дека ситуацијата будно се следи и нема потреба од дополнителни мерки.

„Ако детектираме дека има ризик од заразување во ноќните клубови и локалите, тогаш повторно ќе воведеме посебни мерки“, рече Филипче.

Индискиот вид вчера беше регистриран кај лице кое било на работа во Ирак. Министерот рече дека за конкретните случаи не е регистриран никаков ризик.

Share
Scroll to Top