Непроспиена ноќ во Маврово, почувствувани пет земјотреси

пред 4 години

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава регистрира серија од земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 50 километри југозападно од Скопје и потекнуваат од епицентралното подрачје Гостивар – Тетово.

Од оваа серија почувствувани беа пет земјотреси и тоа: во 01.36 часот со локална Рихтерова магнитуда 3.5 и интензитет од IV степени според Европската Макросеизмичка скала, во 02.29 часот со локална Рихтерова магнитуда 3.2 и интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка скала,во 02.48 часот со локална Рихтерова магнитуда 3.1 и интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка скала, во 03.39 часот со локална Рихтерова магнитуда 2.6 и интензитет од III степени според Европската Макросеизмичка скала и во 07.44 часот со локална Рихтерова магнитуда 3.7 и интензитет IV степени според Европската Макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Share
Scroll to Top