Времето утре ќе биде сончево и топло со умерена облачност, информираат од УХМР.
Кон крајот на денот во североисточните делови ќе има локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен, а во западните делови умерен до засилен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 29 Целзиусови степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 27 степени.
Повремено зголемена облачност со локални врнежи од дожд ќе има во вторник претпладне, како и во текот на ноќта кон четврток и во четврток преку денот.
Поради засилен северозападен ветер во четврток температурата ќе се намали за неколку степени.