Николовски: Домашните количини на сончоглед ги ставаме на располагање за домашните капацитети

пред 3 години

Министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, Љупчо Николовски денес ја посетија фабриката за масло за јадење „Прехранбена индустрија Кристал 1924 АД“ во Велес.

Како што информираат од владината прес-служба, при посетата двајцата министри оствариле средба со менаџерскиот тим на која разговарале за предизвиците со кои се соочува државата.

Министерот Николовски воедно најави дополнителна измена во програмата за финансиска поддршка за производителите на сончоглед.

„Секој производител на сончоглед за остварување на субвенциите како доказ ќе мора да приложи потврда за предадено и откупено производство во домашните преработувачки капацитети на сончоглед. Со оваа мерка го зајакнуваме планираното годишно производство помеѓу земјоделците одгледувачи на сончоглед и преработувачите, а воедно го поттикнуваме договорното производство кое како модел треба да е се повеќе присутен во земјоделското производство“, изјави Николовски.

Министерот за земјоделство додаде дека годинава двојно ќе се зголемат површините под сочоглед, а со тоа и количините на суровина за масло за јадење.

Министерот Бектеши потенцираше дека е започнат увозот на рафинирано масло од соседите, но се увезува и од други држави со оглед дека ја укинавме царинската стапка од 29 отсто, а се работи и на дополнителни мерки за поголемо производство на сончоглед.

„Со последните одлуки на Владата кои се прават во координација помеѓу двете министерства веќе почнува да се увезува и рафинирано масло за јадење од страна на нашите соседи. Во тој дел мерките на Владата како што се гледа и на терен ги дават соодветните резултати, во однос на количините, ги имаме сите количини на домашниот пазар потребни за нашата потршувачка, а дополнително на тоа значи работиме и на дополнителни мерки се со цел да се зголеми и пропизводството на сончоглед“, кажа Бектеши и додаде дека главна цел на Владата е да се зголеми домашното производство, со што домашните компании ќе бидат поконкурентни.

Share
Scroll to Top