Николовски-Мекеј: Силна поддршка од НАТО сојузниците за спроведување на политиките против корупција

пред 2 години

Денеска вицепремиерот за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски, во рамки на работната посета на Брисел, одржа состанок со директорот на Директорат за безбедносна политика и партнерства во НАТО, Џејмс Х. Мекеј.

На состанокот се разговараше за досегашната соработка и придонес на нашата држава во исполнување на мисиите и целите на НАТО.

Воедно, вицепремиерот Николовски, ја образложи потребата од носењето на Планот за борба против корупција и дел од мерките во Планот, со посебен акцент на екипирање и дигитализација на Јавното обвинителство како и истражните центри во основните јавни обвинителства, дигитализација на порцесите, онлајн платформата за следење на предмети, Националниот регистар на вистински сопственици, предлог Законот за потекло на имот, како и за постапувањето по пристигнати претставки од граѓаните за сомнителни коруптивни случаи.

Директорот за безбедносна политика и партнерства во НАТО, Мекеј, го поздрави носењето на владиониот план за борба против корупција и мерките коишто се преземаат, посочувајќи дека се добра основа за идните владини политики во делот на зголемена транспарентност и владеење на правото.

Share
Scroll to Top