Николоски: Пасоши има за криминалци и нарко босови, но не и за обичниот македонски граѓанин

пред 3 години

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски по денешната посета на Општина Гази Баба на новинарско прашање зошто нема обрасци за лични документи и зошто граѓаните не можат да дојдат до пасоши, лични карти, возачки истакна дека ситуацијата е таква бидејќи Владата е неспособна и корумпирана. Тој посочи дека образци има за криминалци и за луѓе со сомнително досие, но не и за обичните граѓани на Македонија.

„ Во се се обидуваат да најдат личен интерес и затоа доцнат процесите. Пасоши нема за македонските граѓани, ама има за најголемите светски нарко босови и криминалци. Обичен човек не може да извади пасош ама Седат Пекер извади македонски пасош“, рече Николоски.

На тоа дно е донесена државата изјави Николоски да родителите треба да плаќаат за печатење на свидетелствата на нивните деца.

„ Родителите ќе си платат за свидетелствата на децата од една страна, а од друга страна оваа влада говори за некои големи проекти, за дигитализации, таблети, компјутери и така натака. Во услови кога едно обично свидетелство не можат да издадат на децата тие најавуваат дигитализација. Што ја покажува целосната неспособност и корумпираност на оваа Влада, изјави за медиумите Николоски.

Share
Scroll to Top