Николоски: Шилегов и Темелковски заради бизнис интереси дозволија Цементара да го загадува Скопје

пред 3 години

Денеска сме во посета на Општина Кисела Вода со убеден сум после 17 октомври новиот градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

„За жал 4 години Кисела Вода назадува во една комбинација на досегашниот градоначалник од СДСМ и досегашниот градоначалник на Град Скопје исто така од СДСМ, кои што или не работат, а кога малце ќе поработат прават криминал. Најчесто не работат и затоа се стагнира почнувајќи од фонтаната позади мене којашто е во склоп на Споменикот на бранителите, а не работи и е полна со ѓубре, продолжувајќи преку булеварот Првомајска кој го проби ВМРО-ДПМНЕ и кој за жал не се гради откако Петре Шилегов и Филип Темелковски се градоначалници, одејќи кон криминалните намери за изградба на преку 100 згради тука во Општина Кисела Вода. И веројатно завршувајќи со она што е мака не само на Кисела Вода туку и на цело Скопје, а тоа е загадувањето“, посочи Николоски.

„Во овие 4 години ни Петре Шилегов ни Филип Темелковски ништо не направија да го спречат загадувањето од Цементара, напротив со закон во Собранието овозможија да се увезува отпад кој ќе се користи во работењето на Цементара и не само што ги загадува околните населби и општината, туку го загадува и цело Скопје. Со прст не мрднаа да го решат овој проблем, веројатно од олигархиски и бизнис интереси кои само на нив им се познати“, рече Николовски.

Додаде дека на 17 октомври како што рече, мора да се случи промена за да заминат двајцата според него најнеспособни градоначалници, на Кисела Вода и на Скопје и да дојдат чесни луѓе кои ќе ги решаваат проблемите.

Share
Scroll to Top