Пронајден починат скопјанец кој бил пријавен за исчезнат

пред 3 години

Во полициската станица во Драчево синоќа било пријавено дека во селото, на патот кон место викано Три круши, било пронајдено тело на починато машко лице, без траги на насилство.

Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за 31-годишниот В.Д. од Скопје, за кој на 1 јуни годинава било пријавено дека се оддалечил од домот.

По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Share
Scroll to Top