Ниту едно дипломатско претставништво нема инструкции да доставува ноти до земјите на акредитација, велат од МНР

Ниту едно дипломатско претставништво нема инструкции да доставува ноти до земјите на акредитација, велат од МНР

пред 3 месеци

Во врска со испратената нота до италијанското МНР, Министерството за надворешни работи информира дека ниту едно дипломатско – конзуларно претставништво на Република Северна Македонија нема добиено инструкција да доставува ноти за предметната тема до земјите на акредитација.

По добиените сознанија за испратената нота до италијанското МНР, истата по дипломатски пат веднаш е отповикана, уште пред стапување во сила на наведениот рок за важноста на пасошите и со тоа, не предизвика никакви импликации, информираат од МНР за „Макфакс“.

Министерството веќе спроведува интерна постапка за утврдување на одговорност за расчистување на случајот, децидни се од оваа институција.

Текстот Ниту едно дипломатско претставништво нема инструкции да доставува ноти до земјите на акредитација, велат од МНР е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top