Гостиварското Основно јавно обвинителство, по спроведена претходна постапка, поднесе обвиниение против 50-годишен жител на селото Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, кој се товари дека сторил кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
На 16 февруари, обвинетиот ги забележал двајцата оштетени – новинар и снимател во тетовска телевизија кои снимале прилог за училиштето во селото.
Тој најпрвин започнал расправија со нив, упатувајќи им пцовки и погрдни зборови, а потоа зел секира со која започнал кон нив да замавнува.
Оштетените веднаш се оддалечиле од местото и настанот го пријавиле во полициска станица.