Обвинение за обид за тешка кражба против косовски државјанин

пред 4 години

Против триесет и пет годишен државјанин на Република Косово, скопското јавно обвинителство поднесе Обвинителен предлог за кривично дело –Тешка кражба казниво по Кривичниот законик.

На 28 март, обвинетиот насилно го откорнал прозорецот од задната страна и влегол во куќа на улицата „Анте Хаџи Митков“, па од подрумските простории се обидел да одземе предмети, обувки вредни 12.000 денари.

Притоа полициски службеници го забележале и го спречиле во намерата.

Поради опасност од бегство на обвинетиот кој е странски државјанин, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор определена од судијата на претходна постапка, информираат надлежните. ​​

Share
Scroll to Top