Скопското основно јавно обвинителство поднесе предлог за обвинение против скопјанец кој со нож ја повредил својата мајка.
Како што информираат од обвинителството, 34-годишникот на 1 февруари во вечерните часови, по претходна расправија, во дворот на семејната куќа на улицата Ѓорги Крапчев, извршил семејно насилство и ја повредил мајка си, нанесувајќи и убод од нож во пределот на стомакот.
Имајќи предвид дека осомничениот и претходно го имал сторено истото кривично дело за што се водат и други кривични постапки, фактот дека има и други поплаки од неговата мајка и опасноста тој да се даде во бегство, јавниот обвинител доставил предлог за продолжување на претходно определениот притвор.