Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пред два дена ја добило документацијата за модуларната болница во Тетово од Бирото за јавни набавки, а вчера после 14 часот е добиена и од Министерството за труд и социјална политика.
Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупциј, Вилма Русковска, информираше дека денеска истражителите почнале со првично разгледување на документацијата.
„Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е наделжно само во делот на јавната набавка и само тоа ќе се проверува дали се испочитувани процедурите, оваа набавка одела и според посебен Закон кој го има донесено Владата. Тоа е само наша надлежност, друго не“, рече Русковска, прашана што ќе проверува обвинителството.
Обвинителката изјави дека техничката спецификација, ја добиле на англиски јазик и веднаш ја скенирале и по мејл ја испратиле во Обвинителството во Тетово за да можат експертите од Германија да се запознаат со неа.