Обезбедени сместување и грижа за членовите на семејството кои настрадаа во опожарен стан во Гостивар

пред 3 години

Во врска со денешниот случај во Гостивар кога во пожар што избил во станбена зграда настрадаа две лица, од министерството за труд и социјална политика информираат дека центарот за социјална работа од Гостивар обезбедил сместување и соодветна грижа за членовите од семејството коишто настрадаа во опожарениот стан.

„Од страна на стручниот тим на ЦСР Гостивар, а во соработка со Општина Гостивар обезбедено им е сместување и потребни услови за живот. Истовремено им е пружена психосоцијална помош и поддршка“, информираат од центарот во Гостивар.

Додаваат дека досега кај нив не се пристигнати никакви пријави или информации за каков било тип на родителска негрижа, злоупотреба или несовесно однесување кон кое било од децата во семејството.

„Согласно евиденцијата на ЦСР Гостивар, ова семејство не било корисник на ниту едно право или, пак, услуга од социјалната и детската заштита. Стручните тимови на ЦСР Гостивар се во постојана комуникација со МВР и ОЈО и ги преземаат сите мерки што се во нивна законска надлежност“, додаваат од центарот.

Министерството за труд и социјална политика побара од ЦСР Гостивар детално да го испита случајот во врска со семејството и состојбата на децата, по што ќе бидат преземени соодветни мерки во интерес на децата.

Share
Scroll to Top