Во реката Вардар, под мост помеѓу селата Чегране и Тумчевиште, вчера бил забележан човечки труп.
Од Противпожарната единица од Гостивар телото било извадено и направен е увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител, телото е пренесено во Медицински центар Гостивар за понатамошна постапка.