Од денеска директна авиолинија меѓу Скопје и Москва

пред 3 години

Денеска и официјално ќе биде пуштена во функција новата авионска линија Москва-Скопје.

Настанот ќе биде одбележан на скопскиот аеродром, а првиот лет на авиокомпанијата „Нордвинд“ од Москва во Скопје, ќе слета во 17 часот и 10 минути.

На настанот ќе присуствуваат и по пристигнувањето на првиот патнички авион од Москва, изјави ќе дадат генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин.

Според претходните најави, руската компанија „Нордвинд ерлајнс“ ќе лета од московскиот аеродром Шереметјево со авион од типот „боинг 737-800“ со 189 седишта.

Скопје и Москва последен пат беа поврзани со редовна линија меѓу 1993 и 1996 година по склучениот билатерален договор за воздушен сообраќај со Руската Федерација. Линијата ја одржуваше компанијата „Палер Македонија“ која банкротираше во октомври 1996 година.

Share
Scroll to Top